Охрид немилосрден во езерското ракометно дерби
Јасна е разликата во квалитет меѓу двете екипи, а охриѓани се погрижија ја демонстрираат уште во почетната фаза од мечот, Отворија со 3-0, подоцна беше 5-1, а во финишот од првото полувреме и 11-4. Струга успеа да одолее и на голем одмор да замине со прифатливи -4 (8-12), но во вториот дел немаше спас.
Охрид повторно ја имаше иницијативата, со неколку серии го зголеми водството, а на средина од второто полувреме првпат стигна до двоцифрена разлика (24-14). Конечните 31-17 беа и највисокото водство за фаворитот на овој натпревар.
Ојлески со девет гола беше најефикасен во тимот на Охрид, Крстевски додаде пет, а Јукиќ, Костов и Пешиќ по три, но се истакна и голманот Чаневски со 20 одбрани од кои четири пенали. Пајкоски со четири гола го предводеше тимот на Струга кој остана на претпоследната позиција на табелата со само два бода.