Вардар во второто полувреме го скрши Бутел, Пелистер без проблеми против Пролет
Вардар славеше на гостувањето кај Бутел со 30-27, но отпорот на домашниот тим го скрши во второто полувреме. Воведните 30 минути поминаа во израмнета игра во која највисоката предност на Вардар изнесуваше два разлика, а на голем одмор се замина со 16-15 за „црвено-црните“. Така беше до средината на вториот дел кога со серија од 5-0, Вардар отиде на 27-20 и ги реши сите дилеми околу победникот. Најефикасните играчи на натпреварот постигнаа по осум гола - Петриќ кај Вардар и Узунчев кај Бутел.
За разлика од Вардар, Пелистер уште во првото полувреме се потруди да го откаже Пролет и триумфираше со 30-21. По 14 минути игра, шампионот водеше со 9-2, а во последната минута од воведниот дел имаше и 19-8. Тоа му овозможи на Пелистер во продолжение да игра полабаво, па гостите го искористија тоа за да го ублажат поразот.
По пет одиграни кола, Вардар и Пелистер имаат идентичен биланс, 4/1 и се наоѓаат зад Охрид кој е со максимален ефект.