Младиот Шпанец е без конкуренција: Алкараз направи нешто што не им успеало ни на Ѓоковиќ, Федерер и Надал

Карлос Алкараз денеска триумфираше на АТП турнирот во Пекинг и со тоа дојде до едно големо достигнување на кое можат да му позавидат и тенисерите од „големата тројка“ која владееше со овој спорт до пред неколку години.

Шпанецот стана прв тенисер во историјата кој освоил барем еден турнир од серијата 500 на секоја подлога. Се почна пред две години со триумфот во Рио де Жанеиро, потоа славеше и во Барселона, двата турнира на земја, лани освои трофеј во Квинс на трева, а сега конечно и на бетон во кинеската престолнина.

Во јули годинава тој стана најмлад тенисер кој освоил Гренд слем титули на сите трофеи, а следна цел ќе биде да триумфира на Австралија Опен и да стане најмлад со пехар(и) на сите Гренд слем турнири. Со 21 година тој веќе има четири Гренд слем титули и е на добар пат да стане еден од најдобрите во историјата на тенисот.