Никако да му тргне: Миовски изнуди, па промаши пенал! (ВИДЕО)

Бојан Миовски пропушти огромна шанса да го даде првиот гол за Жирона, македонскиот напаѓач не реализираше пенал.
 

Миовски во 65. минута најпрво беше фаулиран од голманот Тимо Веленрутер, судијата покажа на белата точка.

Македонецот ја презема одговорноста, шутираше од белата точка но голманот беше поуспешен.