Мат во три потези за Јувентус, Шешко носи водство за Лајпциг! (ВИДЕО)

Јувентус уште нема примено гол во Серија А, но не е така и во Лигата на шампионите, тимот на Мота веќе губи на гостувањето кај Лајпциг со 1-0.

Елмас е на клупата за резерви, а на неговите соиграчи добро им тргна на денешниот натпревар. На Лајпциг му требаа само три потези, голманот ја додаде до Опенда кој асистираше до  Шешко за тој да постигне гол за водство од 1-0.