Астон Вила го сруши Баерн, пораз за Реал од Лил, Бенфика ја наполни мрежата на Атлетико (ВИДЕО)

Дел од гигантите вечерва поминаа лошо во Лигата на шампионите, Баерн Минхен кој му даде девет гола на Динамо денеска загуби на гостувањето кај Астон Вила со 1-0, со тој резултат Лил го совлада Реал Мадрид, Бенфика со неверојатни 4-0 славеше над Атлетико Мадрид.

Астон Вила одигра фантастичен меч пред своите навивачи и заслужено се радуваше на победа во Лигата на шампионите. Клучниот момент се случи во 79. минута кога Дуран постигна прекрасен гол за победа од 1-0.

Разочарување вечерва приреди и Реал Мадрид за своите навивачи, кралскиот клуб со 1-0 загуби на гостувањето кај Лил.

Во самиот финиш од првото полувреме Камавинга играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата покажа на белата точка, Давид реализираше за водство од 1-0.

Реал Мадрид се обидуваше во вторито дел да се врати во игра, но не успеа, домаќините ја задржаа предноста.

Бенфика со неверојатни 4-0 го победи Атлетико Мадрид. По еден гол дадоа Актуркоглу, Ди Марија, Бах и Кокчу.

Ливерпул со голови на Мекалистер и Салах ја победи Болоња со 2-0.

Клуб Бриж со 1-0 победи на гостувањето кај Штурм во Грац.