Ултрасите на Атлетико добија казна која е тешка за секој лојален навивач!

Поради инцидентите на дербито меѓу Атлетико и Реал Мадрид, ултрас навивачите на домашниот тим добија суспензија од три натпревари.

Дел од јужната трибина на стадионот Ванда Метрополитано ќе биде празна во наредните три меча на Атлетико Мадрид од Ла Лига.

Со казната е опфатен делот каде што се ултрас навивачите од каде што беа фрлени предметите кон Тибо Куртоа.

Се работи за вкупна бројка од 5.000 седишта, толку навивачи нема да можат да влезат на стадионот во наредните три меча, ќе можат да го гледаат тимот само на ТВ.

Раководството на Атлетико Мадрид не е задоволно од ваквата одлука и ќе поднесе жалба со која ќе проба да ја редуцира казната за навивачите.