Влаховиќ со голови враќа на критиките! (ВИДЕО)

Душан Влаховиќ доби многу критики на стартот од сезоната бидејќи врза неколку натпревари без гол, но Србинот ја враќа формата, негова мета денеска беше и Лајпциг.

По двата гола против Џенова во изминатиот викенд во Серија А, Влаховиќ денеска постигна гол и во Лигата на шампионите против Лајпциг.

По пет минути игра во второто полувреме Камбијасо асистираше, а Влаховиќ одлично се откри и постигна гол за израмнување на 1-1.