Куп на Македонија: Воска во финишот го скрши Башкими, Македонија ЃП на пенали подобра од Беласица
Македонија Ѓорче Петров прва дојде до предност и тоа со голот на Кире Маркоски во 33. минута од натпреварот и тоа беше единствениот гол во првите 45 минута.
Беласица на стартот од вториот дел со два брзи погодоци направи пресврт. Митров прво во 48. минута, а потоа и Стојанов стрелаше за целосен пресврт.
На десетина минути пред крајот тимот од Ѓорче доби најстрога казна, а сигурен реализатор беше ветеранот Крсте Велковски. Во пенал серијата Беласица не реализираше во последната серија и тоа се покажа како доволно за „лавовите“ да слават победа.
Во вториот натпревар Воска Спорт во завршницата успеа да го скрши отпорот на Башкими и со два гола во 89. и 96. минута дојде до триумф од 0-2.
Третиот натпревар помеѓу Победа и Гостивар започна нешто подоцна, па се уште е во тек.