Тен Хаг им оди на нерви на сите: Нема простор за паника, сезоната ќе биде успешна

Манчестер Јунајтед се наоѓа на 13. место во Премиер лигата со само седум освоени бода, екипата добива критики од сите страни, но менаџерот Ерик Тен Хаг упорно на сите им оди на нерви со своите изјави.

Последната од нив е тотално нереална и покрај тоа што станува збор за почетна фаза од сезоната.

„Ништо не е лесно, но нема простор за паника, сезоната ќе биде успешна. Често се случува во моите екипи да имаме проблеми, ама можеме да ги решиме. Последните шест сезони постојано освојувам трофеи и целта е продолжување на таа серија“, изјави Тен Хаг.

Нејасно е што би претставувал успех за него со тоа што титулата во Премиер лигата уште сега може да се опише како сон за Манчестер Јунајтед, екипата не игра во Лигата на шампионите, а куповите се само мала утеха за навивачите.