Газдата на Панатинаикос сонува да го ангажира - Никола Јокиќ!

Иако не постојат никакви реални шанси, сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос изјави дека негов сон е да го донесе Никола Јокиќ во редовите на актуелниот европски шампион.

Србинот е еден од најдобрите светски кошаркари во моментов, со богат договор во Денвер Нагетс и не само ПАО, туку ниеден европски клуб не може да си го дозволи во своите редови.

„Престанав да гледам НБА по Мајкл Џордан, а Јокиќ е причина поради која почнав повторно да сследам. Да можам, би го донел во мојот тим, но последниот договор на Јокиќ беше на 120 милиони долари и мислам дека тоа не е возможно“, рече Јанакопулос.

Јокиќ пред себе има четири години со Денвер во кои ќе заработи 51, па 55, па 59, па 62 милиони долари. Европските клубови имаат годишни буџети од максимум 30-35 милиони евра.