Гвардиола го пецна Аморим: Едно е сигурно, во ЛШ нема да се сретнеме пак оваа сезона!

Спортинг Лисабон со Рубен Аморим го прегази Манчестер Сити победувајќи го со 4-1, а по натпреварот Пеп Гвардиола даде зајадлива изјава.

Аморим од 11 ноември се сели во Манчестер јунајтед, црвените ѓаволи не играат во Лигата на шампионите, па Пеп Гвардиола го искористи тој факт да потенцира дека нема да се сретне со португалскиот стратег во елитното натпреварување.

„Видовме како игра неговиот тим, а сега ќе го гледаме во Англија. Ќе играме против него двапати во Премиерлигата, можеби и во ФА Купот, но не и во Лигата на шампионите“, рече Гвардиола.

„Не се грижам премногу за Рубен, мојот приоритет е да се вратиме на нашето најдобро ниво. Знаевме дека оваа сезона не чека огромен предизвик, дека од многу причини ќе биде тешко и засега тоа се потврдува“.