Грнчаров: Со вакви вложувања далеку сме од Европа, треба трипати повеќе ако сакаме да играме ЛШ!

Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров по историскиот бод на црвено-црните, освоен со Розенборг во Лига Европа, изјави дека македонскиот првак може да се носи со вакви екипи како норвешкиот првак, но за нешто повеќе со екипи како Зенит и Реал Сосиедад тоа е невозможно со – волкави инвестиции во клубот.

Грнчаров порача дека за поголеми успеси потребни се поголеми вложувања, а амбициите за Лига на шампиони значи трипати повеќе вложувања од досегашните.

„Заслужиме во целина да победиме, имавме повеќе од шансите, направивме една грешка во 45 минута и да не го направевме тој кикс-пенал, Вардар немаше да прими гол. Игравме доста офанзивно, имавме посед на топка, имавме шанси и мислам дека Вардар покажа во Европа дека може да се носи. Но, далеку сме од Зенит и од Реал Сосиедад, а со екипи како Розенборг мислам дека Вардар е израмнет. Со Зенит и Реал Сосиедад не може вака да се игра, нормално е тие да имаат посед на топката, ако играме ние вака резултатот ќе биде како што беше и во минатите мечеви со нив. Вардар со вакви послаби екипи треба да се надигрува, како што покажавме и денес и се надевам дека овој влог што нашиот газда го вложува треба да го зголеми за трипати ако сака да игра во Европа или Лига на шампиони. Со вакви вложувања уште сме далеку од Европа“, рече Грнчаров.