Го напушти Сити, стана побрз и од Болт, сега „граѓаните“ се тресат од него!

Манчестер сити утре ќе се соочи со Шалке во нокаут-фазата на Лигата на шампиони, а англискиот клуб се плаши од нивниот поранешен фудбалер Раби Матондо, кој стана побрзи и од Јусеин Болт.

Велшкиот младински репрезентативец постави нов рекорд на спринт на 20 метри со време 2,62 секунди и така ги победи Лирој Сане, Рахим Стерлинг и Кајл Вокер.

Тоа е многу побрзо дури и од легендарниот Болт, кој почетните 20 метри ги истрча за 2,87 секунди на трката на 100 метри во Пекинг во 2008 година.

Матондо замина во Шалке за 11,3 милиони фунти пред 20 дена, но сега би можел да им наштети и тоа многу во нокаут-фазата.

„Беше јасно дека Раби порасна и Сити не можеше да го задржи. Тие се искрени со нивните млади фудбалери и поради тоа Матондо заминува. Сепак, тој напредува многу во кариерата и се очекуваат многу успеси од него“, велат од Шалке.