Гигантите на удар: УЕФА планира да го унапреди Финанскискиот фер-плеј

Клубовите кои ќе сакаат да купуваат фудбалери за неколку стотина милиони евра ќе мораат и да продаваат фудбалери за големи пари. Очигледно е дека постоечкиот Финансиски фер-плеј не функционира како што сакаа челниците на УЕФА, бидејќи големите заработуваат многу и трошат многу, оние помалите заработуваат помалку и нормално трошат помалку.

Според новите правила кои сака да ги воводе УЕФА, ако еден клуб сака во преодниот рок да потроши 200 милиони евра, ќе мора да да продаде фудбалери за минимум од 100 милиони евра. Куќата на фудбалот сака да ја ограничи разликата помеѓу купувањето на фудбалери и продавањето. Нормално оваа идеја ќе мине низ неколку фази на анализа за да се донесе конечна одлука околу новиот Финансиски фер-плеј.

Второто правило кое УЕФА сака да го воведе е клубовите да бидат ограничени на само 25 професионални фудбалери. Ова ќе биде голем удар за гигантите, кои имаат и до 50 фудбалери како професионалци на својот платен список. 

За новитетите треба да се разговара на следниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА на 24 мај.