Германската полиција пијаните Англичани ќе ги трезни во – мобилни кафези (ФОТО)

Полицијата во Гелзенкирхен воведе посебни безбедносни мерки пред вечерашниот натпревар меѓу Англија и Србија (21 часот) на ЕП 2024, вклучително со користење привремени метални кафези за проблематичните навивачи.

Овие „ќелии за трезнење“ можат да примат до 100 луѓе и се поставени за да се избегнат инциденти со оглед на историјата на насилство меѓу навивачите на двете селекции. Дополнителни 150 полицајци ќе бидат распоредени околу стадионот, а на помош пристигна и англиската специјализирана фудбалска полициска единица.

За да се намали ризикот од проблеми, на навивачите пред и за овој меч ќе им се служи пиво со намалено количество на алкохол.