Германија на тест против Перу ќе покажува дека би бил добар домаќин на Евро 2024

Германија на 9 септември во Синшајм, на арената „Рајн Нектар“ ќе одигра пријателски меч со Перу, само три дена по титанската пресметка со Франција во Лигата на нации, па овој меч Германците најавија дека ќе го искористат за да му докажат на светот дека се вистински избор за да ја добијат организацијата на Европското првенство во 2024 година.

Германија со сите сили ја сака организацијата на Евро 2024, што би било прв голем турнир по 18 години, откако оваа земја на актуелниот светски првак беше домаќин на големо натпреварување во 2006 година, кога го организираше СП.

„Сакаме да оставиме уште еден позитивен добар впечаток, пред конечната одлука за тоа кој ќе биде организатор на Евро 2024. Ќе настојуваме да ѝ покажеме на целата европска и светска јавност за својот ентузијазам за фудбалот, како и тоа колку сме отворени за Европа и за светот“, вели првиот човек на Германската фудбалска федерација (ДБФ), Рајнхард Гриндел.

УЕФА одлуката за тоа кој ќе биде домаќин на Евро 2024 ќе ја донесе две недели по мечот на Германија со Перу, на 24 септември. Турција е вториот кандидат за домаќин на континенталниот шампионат.