Германија идната сезона би можела да има шест клубови во ЛШ

Европската фудбалска унија (УЕФА) потврди дека Германија би можела да има шест екипи во следната сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), а такво нешто би се случило доколку Борусија Дортмунд го освои трофејот во елитното натпреварување.

Ова сценарио може да стане реалност ако Германија добие едно од двете дополнителни места со ранкингот на УЕФА, а Дортмунд стане европски шампион и остане на петтата позиција во Бундеслигата.

Во таков случај, шестиот тим од Бундеслигата би можел да заигра во ЛШ, а тоа во моментов е Ајнтрахт Франкфурт.

УЕФА го менува системот од следната сезона и ќе додаде дополнителни четири екипи, па така од 2024/25 дури 36 клубови ќе се борат за пехарот.