Германците потфрлија: Навивач скокна од трибини и ќе го повредеше Роналдо (ВИДЕО)

Впечаток е дека Германија потфрли со организацијата на Европското првенство кога во прашање се втрчувањето на терен на навивачите, посебно е тоа проблем кога на теренот е Кристијано Роналдо.

Во натпреварот на Португалија и Турција во второто коло видовме дури четири втрчувања на терен од фановите од трибините, а против Грузија еден фан буквално скокна од трибините пред Португалецот.

Успеа навивачот некако да помине покрај редарите на трибините и да дојде над тунелот од каде што скокна пред Роналдо. Португалецот по реакцијата која ја направи можеше да се забележи дека е шокиран, а доколку не подзастанеше можеше дури и да дојде до некаква повреда.