Германците на списокот за ЛН ставија Летонец кој дебитираше против Македонија!
Дарио Шитс нема никаква врска со Германија, тој е летонски фудбалер кој има 20 години. Член е на Парма, а игра како позајмен во холандскиот второлигаш Хелмонд Спорт.
За ситуацијата да биде уште поинтересна за нас, неговото деби за Летонија се случило против Македонија минатиот месец во Лигата на нации.
Германците брзо си ја видоа грешката и поправија, а потоа се правдаа дека се работи за техничка грешка во датабазите. Но, сеирот остана.