
Гатузо: Ќе си заминам ако Италија не се пласира на Мундијалот!
Гатузо во спротивно ќе си замине од кормилото на Италија, затоа што смета дека ќе биде голем неуспех „аѕурите“ повторно да останат без пласман на Мундијалот.
„Имам чувство дека играме подобро. Сепак, мора да поправиме некои работи на теренот. Ќе видиме што ќе се случи, но ако не се пласираме на Мундијалот, тогаш ќе си заминам од кормилото на Италија“, кажа Гатузо.
Италија во моментов е на втората позиција во групата со 15 бодови, односно три помалку од Норвешка.
Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio