Фудбалерите на Јунајтед задоцнија на својот меч во Манчестер!

Дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Валенсија започна седум минути подоцна од предвидениот термин од 21 часот. „Црвените ѓаволи“ задоцниле на натпреварот и побарале од УЕФА истиот да започне подоцна. 

Оправданието на Јунајтед е дека задоцниле да пристигнат на „Олд Трафорд“ навреме поради сообраќајниот метеж во Манчестер. Дали ова е вистинската прични за доцнењето или драмата во Манчестер јунајтед колуминира поради некои други моменти, останува да видиме, односно англиските медиуми да откријат.

Ова веројатно се случува за прв пат во историјата на Лигата на шампиони, еден тим да задоцни на својот натпревар, особено ако игра на домашен терен.