
Фиорентина пукна „петарда“ против Хартс, Партизан на чекор од нокаут-фаза (ВИДЕО)
Фиорентина почна да ја полни мрежата на Хартс од шестата минута, кога прв погоди Јовиќ, а до крајот на првите 45 минути водството на домаќинот изнесуваше убедливи 4-0, откако во листата на стрелци се запишаа Бираги, Гонзалес и Барак.
Хартс во вториот дел намали на 1-4 преку Хамфрис во 47. минута, но сепак шкотскиот состав немаше сила за да се врати во дуелот, по што „петардата“ ја потврди Гонзалес од пенал во финишот од натпреварот.
Башакшехир е прв во групата со 10 бодови, по што следи Фиорентина со седум, па Хартс со три и РФС има два бода.
Партизан запиша голема победа против бундеслигашот Келн со 2-0, откако погодоците ги постигнаа Дијабате во 15. минута од средбата, а вториот гол падна во 52. минута, кога Гомез ја затресе мрежата на гостите.
Партизан е прв во групата Д со осум бодови, по што следи Ница со пет, па Келн со четири и Словачко со еден бод.