Филијалата на Динамо Загреб ќе биде нова „жртва“ на УЕФА?

Локомотива Загреб се соочува со големи проблеми, откако беа откриени четири фудбалери позитивни на ковид-19, па сега се соочуваат со исфрлање од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Хрватскиот тим го откажа денешниот тренинг, а не е познато ниту дали ќе се игра мечот против Динамо Загреб во текот на утрешниот ден.

Исто така, се поставува прашањето дали ќе играат во квалификациите на ЛШ против Рапид Виена на 25 август.

УЕФА пред неколку дена од натпреварувањето ја исфрли косовска Дрита која имаше заразени фудбалери, па сега и во хрватскиот тим се загрижени.

„Резултатите од вчерашните тестирања покажаа дека четири фудаблери се позитивни на ковид-19. Од тоа тројца се фудбалери на Локомотива, а еден од нив е на проба во екипата“, соопштија од клубот.