Фернандеш за спас: Јунајтед дури во продолжението го „скрши“ жилавиот Копенхаген (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед како големи фаворити влегоа во вечерашниот четвртфинален дуел од Лига Европа против Копенхаген, но на крајот им требаа и дополнителни минути да го скршат отпорот на жилавиот противник и да победат со минимални 1-0.

Повторно во улога на спасител беше португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш, кој умешно го реализира пеналот во 95. минута. „Ѓаволите“, сепак, заслужено дојдоа до триумфот, бидејќи имаа повеќе од играта и многу повеќе шанси и удари кон голот, како и два поништени погодоци, оправдано поради офсајд ситуации.

Данците умешно ја умртвуваа играта во најголем дел од средбата, а знаеја и да бидат опасни во нападот, без конкретна реализација. За доминацијата на англискиот тим доволно говори и односнот 14-0 во ударите во рамки на голот.

Манчестер Ј. Полуфиналниот противник ќе го добие утре, а тоа е подобриот од пресметката помеѓу Севилја и Вулверхамптон. Вечерва пласман меѓу четирите најдобри во ЛЕ обезбеди и Интер, со триумф над Баер Леверкузен (2-1).