
Европскиот шампион се спаси во последните секунди, Хрватска ја среди Франција (ВИДЕО)
Последниот пораз, актуелниот европски шампион го доживеа на 22 март 2024 од Колумбија на домашен терен, а оттогаш одигра 17 натпревари и оствари 15 победи во сите натпреварувања, серија во која освои и титула на континенталниот шампионат. Вечерва беше многу блиску до прекин на таа низа, но во последните моменти Мерино се погрижи за израмнување и поволен резултат пред реваншот на домашен терен.
Претходно, Нико Вилијамс во деветтата минута го отвори резултатот на асистенција на Педри, но Гакпо и Рејндерс се погрижија за пресврт и водство на холанската репрезентација. На десетина минути пред крајот, домаќинот остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Хато, а по жестокиот притисок, Шпанија успеа да постигне гол за 2-2.
Најубедливата победа во првите натпревари од плејофот ја оствари Хрватска во дуелот со светскиот вицешампион Франција. „Коцкестите“ во Сплит славеа со 2-0, а се што беше важно на овој меч се случи во првото полувреме. Во главна улога беше Иван Ракитиќ кој му асистираше на Будимир за првиот и сам го постигна вториот гол, па Хрватска има голема шанса повторно да стигне до завршницата на Лигата на нации.
РЕЗУЛТАТИ
Данска - Португалија 1-0
Хрватска - Франција 2-0
Италија - Германија 1-2
Холандија - Шпанија 2-2