Евроавантурата заврши за македонските клубови: Шкупи вторпат поразен од Санта Клара!

Португалска Санта Клара без поголеми проблеми го победи вторпат македонскиот вицепрвак Шкупи, сега со 2-0 на Азорските острови, колку само формално да го запечати третото коло во квалификациите за Конференциската лига и да го елиминира чаирскиот прволигаш.

Уште по првиот меч јасно беше кој е подобар и поквалитетен, па откако Португалците победија со 3-0, никој и не очекуваше нешто посериозно од чаирчани во реваншот, кој заминаа повеќе на прошетка колку да го одиграат реваншот, одошто имаа капацитет за некаков посериозен резултат.

Со елиминацијата на Шкупи и формално заврши европската авантура на македонските клубови, кои не дочекаа ни август во квалификациите, а во 12 меча четирите европретставници успеаа само еднаш да победат и тоа чаирчани против косовски Лапи на стартот од квалификациите со 2-0 во Скопје.

Шкендија заврши со 0-9 и четири порази, Силекс со вкупни 1-2 по првото коло, Струга Трим Лум со 2-5 исто така по првото коло, а чаирчани со вкупни 3-6 по две гола. Севкупно ефектот на македонските клубови е една победа, три ремија и осум порази со мизерна гол-разлика од 6-22.

Вечерва Карваљо во 13-та минута и Вилануева во 39-та ги дадоа двата гола за Санта Клара за триумфот кој беше обезбеден уште по првиот дел.