Епилог од хаосот во Тирана: Депортирани 80 навивачи, повредени се 19 полицајци

Вечерва се игра финалето во Конференциската лига меѓу Рома и Феенорд, а пред натпреварот навивачите на двете екипи се пресметаа меѓусебе, а потоа и со локалното население и полицијата.

Најмалку 80 навивачи се депортирани назад во Италија по нередите во Тирана, соопшти албанската полиција, а притоа откри дека се повредени 19 полицајци и пет албански лица.

Заменик шефот на полицијата на Албанија, Алберт Дервиши ги повика навивачите да се однесуваат како европски граѓани и да ги почитуваат законите на Албанија, зашто во спортивно ќе бидат казнети.

Дервиши соопшти дека еден полицаец е повреден со нож, додека се приведени 48 италијански и 12 холандски навивачи, при што секој од нив се соочува со затворска казна до седум години.