Емоциите на максимум: Елмас истрча на терен во „десетката“ на Марадона (ФОТО)

Натпреварот помеѓу Наполи и Ријека во склоп од 4. коло во Лига Европа почна со трогателна сцена, откако сите домашни фудбалери истрчаа на теренот во идентичен дрес – со „десетката“ на Диего Армандо Марадона, легендата на клубот и на светскиот фудбал, кој почина вчера во 60. година од својот живот.

На тој начин и тимот во кој феноменалниот Аргентинец остави голем печат се приклучи на прославата на неговиот живот, односно во жалењето поради неговото прерано заминување од овој свет. Средбата, очекувано, почна со минута молчење, во која секој на свој начин се збогува со еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња. Тоа важи и за нашиот Елмас, кој со наведната глава и замислен поглед му оддаде почит на легендарниот Марадона.