Елмас и Фенербахче освоија три важни бода против Андерлехт (ВИДЕО)

Фенербахче освои многу важни бодови на домашен терен против Андерлехт (2-0) во првиот натпревар, кој се играше денеска во рамки на четвртото коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 90 минути против белгискиот клуб и му помогна на својот тим да ги освои трите бода, додека стрелци на головите беа Матје Валбуена во 71. минута и Мајкл Фреј во 74. минута.

Во моментов Фенербахче е на втората позиција во група Д со седум освоени бодови, односно два помалку од лидерот Динамо Загреб.

На другиот натпревар, кој се играше во истиот термин, Астана го победи Јаблонец со 2-1.