Динамо Загреб ја реши Омонија, но го загуби Адеми (ВИДЕО)

Динамо Загреб славеше со 2-0 против Омонија во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ), но триумфот падна во сенка на повредата на македонскиот репрезентативец и капитен на хрватскиот гигант, Аријан Адеми.

Хрватската екипа создаде неколку добри шанси во првото полувреме, но Омонија успеа да ја зачува мрежата, по што во завршницата на полувремето Адеми се повреди при еден дуел и мораше да го напушти теренот.

Во вториот дел талентираниот Ловро Мејер ја затресе мрежата на гостите од Кипар за водство од 1-0, а Динамо успеа да постигне и втор гол преку Кристијан Јакиќ во 82. минута за триумф од 2-0.

Освен Адеми, на натпреварот настапи и вториот македонски репрезентативец Стефан Ристовски, кој го одигра цел меч.

Реваншот меѓу Динамо Загреб и Омонија се игра во Кипар на 27 јули.