Спектаклот со 10 гола засенет од трогателен момент - со учество на играчи на двата тима!
Додека англиските репрезентативци го славеа најголемиот успех на Мундијалите по титулата во 1966 година, а Французите се обидуваа да се помират со поразот и крајот на селекторската ера на Дидие Дешан, неколкумина фудбалери од двете селекции се собраа на тревникот, клекнаа и заедно се помолија. Снимката, која брзо стана хит на социјалните мрежи, ги прикажува Англичаните Букајо Сака, Марк Гехи, Еберечи Езе и Трево Чалоба, заедно со Французите Дајот Упамекано, Жан-Филип Матета и Максанс Лакроа.
Само неколку моменти претходно тие беа жестоки ривали во еден од највозбудливите натпревари во историјата на мундијалите, а веднаш по крајот на средбата покажаа дека почитта, пријателството и заедничката вера можат да бидат посилни од резултатот. Особено емотивен беше моментот кога Букајо Сака, кој со хет-трик беше најзаслужен за англиската победа, го прекина славјето за да им се придружи на француските фудбалери во заедничката молитва.
Натпреварот меѓу Англија и Франција ќе остане запаметен како најефикасниот на Светските првенства во 21 век, а петти најефикасен во историјата, но за многумина токму заедничката молитва по мечот ќе биде најсилниот и највпечатлив момент од оваа фудбалска драма.