Навивачка на Меси даде неверојатно ветување пред финалето на Мундијалот

Најпознатата навивачка на Лионел Меси, популарната Сузи Кортез повторно е во центар на внимание поради шокантно ветување кое го даде пред вечерашниот спектакл меѓу Аргентина и Шпанија.

Атрактивната манекенка кажа дека ќе направи тетоважа на интимно место доколку Аргентина стане светски шампион.

„Веќе имам седум тетоважи во чест на Меси, а една од нив е на интимно место. Но ако победи Аргентина, ќе исполнам уште едно ветување, ќе направам нова тетоважа на интимата во чест на најдобриот фудбалер во историјата“, кажа Кортез.