ФИФА ќе го укине новото правило кое ги нервираше навивачите на СП

Светската фудбалска федерација (ФИФА) реагираше по револтот кај навивачите поради задолжителните паузи за освежување на Светското првенство (СП), па така Арсен Венгер потврди дека по завршување на турнирот ќе се разгледа правилото и речиси сигурно истото ќе прекине да се применува.

Триминутните паузи беа воведени на сите натпревари на Мундијалот со објаснување дека приоритетот е здравјето и безбедноста на фудбалерите поради високите температури.

Директорот на ФИФА за глобален развој на фудбалот призна дека ова правило ги нервирало навивачите и поради тоа планираат да го повлечат од употреба.

Фото: England football team