Кадетите со два триумфи над Грција ги завршија подготовките за ЕП

Македонската ракометна репрезентација до 18 години оствари два триумфи против Грција во подготовките за настапот на Европското првенство (ЕП).

Младите ракометари во текот на вчерашниот ден славеа со 31-29 против нашиот јужен сосед, додека денеска остварија поубедлива победа од 26-20.

Следен предизвик за ракометарите е настапот на ЕП во групата со Франција, Шведска и Словенија.

Фото: Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница