Меси испрати моќна порака пред битката за светската титула (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Аргентина вечерва ќе го брани светскиот трон против Шпанија од 21 часот во Њу Џерси, а очите на целиот свет ќе бидат насочени кон капитенот на „гаучосите“, Лионел Меси.

Меси постигна осум голови и четири асистенции за Аргентина на патот до финалето, а пред борбата за трофејот испрати моќна порака.

„Најубаво во сите овие години не беа само освоените титули, туку цел пат кој го поминавме заедно. Да се дели секој ден со оваа група, да се натпреваруваме заедно, да си помагаме во тешките моменти и да уживаме во секој чекор. Ви благодарам на сите. Без разлика што ќе се случи, оваа група на играчи веќе испиша историја која никој нема да може да ја избрише“, објави Меси.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Фото: AFA - Selección Argentina