Крос го прогнозира освојувачот на СП: Шпанија ќе ја победи Аргентина

Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос кажа дека Шпанија ќе ја совлада Аргентина и ќе го освои Светското првенство (СП).

Крос смета дека Шпанија е подобар тим, а смета дека сè ќе биде решено доколку „црвената фурија“ прва постигне гол.

„Доколку Шпанија го постигне првиот гол, Аргентина нека заборави на пресврт. Шпанија ќе ја победи Аргентина“, кажа Крос.

Финалето на СП меѓу Шпанија и Аргентина се игра вечерва од 21 часот.