Халанд „забега“ по поразот од Англија – на елитна журка се појави во пижами (ФОТО)

Норвешкиот голгетер, Ерлинг Халанд, знае како да привлече внимание и кога не е на фудбалскиот терен, откако стана хит и по настапот на СП 2026 – овојпат поради својот необичен стајлинг.

Напаѓачот на Манчестер сити моментално престојува во Италија со својата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен, а за вечерно излегување избра широка кошула и панталони кои многумина ги споредија со – пижами. Фотографиите веднаш се проширија на интернет, а коментарите не престануваат.

„Би сакал да бидам толку богат што можам да одам во клуб облечен во пижами“, напиша еден корисник.

„За среќа, толку си богат што никој не смее да ти забележи што носиш“, додаде друг.

„Игра фудбал исто толку добро колку што знае да ужива во животот“, гласи уште еден од популарните коментари.

Имаше и шеги дека Халанд целосно се опуштил по елиминацијата на Норвешка од СП и веќе воопшто не го интересира што се случува на турнирот. Норвежаните настапот го завршија во четвртфиналето со пораз од Англија, по што Халанд се врати дома. Но, ни тогаш не престана да ги изненадува фановите.

По пристигнувањето во Осло, фотографите го снимија како од авионот излегува со необичен сувенир – препариран ракун кој во шепите држи шише вотка. Подоцна фотографијата ја објави и на својот Инстаграм-профил со духовитиот опис: „Ме следеше до дома“, што повторно предизвика лавина реакции.

Инаку, 25-годишниот Халанд зад себе има уште една извонредна сезона, во која постигна вкупно 61 гол за Манчестер сити и норвешката репрезентација, а за време на Мундијалот доби дури 30 милиони нови следбеници на социјалните мрежи.