
Дестани: Вечерва да нема говор на омраза и достоинствено да навиваме!
Дестани во своето обраќање испрати апел до навивачите кои ќе бидат на трибините да навиваат достоинствено и да нема говор на омраза.
„Со најголема емоција за досегашните успеси, нашиот сон продолжува. Со голема посветеност и фокус, нашиот клуб чекори напред кон нови цели и кон успесите кои ги заслужуваме. Нашата цел е успехот и патот кон Лигата на шампионите.
Денес сите ќе бидеме на трибините, пеејќи ги нашите песни на победата и давајќи им поддршка на нашите играчи и стручен штаб, затоа што тие го заслужуваат тоа. Како навивач на Шкендија, ве повикувам денес да ја покажеме нашата спортска култура и да нè подлегнуваме на провокации.
Да не дозволиме говор на омраза во ниту една форма, затоа што тоа не нè претставува и не е дел од нашата култура. Ние, публиката и навивачите на Шкендија, како 12-ти играч, сме пример покажувајќи го нашиот висок стандард и достоинствено претставувајќи ја нашата љубов кон клубот. Ајде кон победата! Шкендија над сè!“, истакна првиот човек на македонскиот шампион“, стои во неговата објава.
Ќе потсетиме, Шкендија веќе го обезбеди настапот во лигашката фаза од Конференциската лига, а вечерва на домашен терен ќе има прилика да оствари добар резултат пред реваншот во битката за плеј-оф во Лигата на шампионите.