Де ла Фуенте со победата над Грузија испиша историја!

Шпанија вчера со 4-1 ја победи Грузија и се пласираше во четвртфиналето од Европското првенство, а Луис де ла Фуенте постави рекорд.

Де ла Фуенте стана првиот селектор на Шпанија кој победил на првите четири натпревари од голем турнир. Претходно Гилермо Еизагуире во 1950 и Луис Арагонес во 2006 победиле на нивните први три меча.

Шпанија перфектно со три победи ја заврши групната фаза, а против Грузија само ја потврди добрата форма која сега ги сместува во број еден фаворит за освојување на Европското првенство.