Де Ла Фуенте го објави списокот со фудбалери за ЕП 2024 (ФОТО)

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте го објави поширокиот список со фудбалери за Европското првенство (ЕП) кое се игра оваа година.

Де Ла Фуенте треба да го објави конечниот список од 26 фудбалери по пријателските средби против Андора и Северна Ирска.

Шпанија е во групата Б со Албанија, Италија и Хрватска, а ЕП се игра од 14 јуни до 14 јули.