Црвена Звезда разочара против Шериф, Олимпијакос се спаси од пораз (ВИДЕО)

Црвена Звезда одигра само 1-1 против Шериф Тираспол во рамки на првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони. 

Белграѓани пред своите навивачи на стадионот „Рајко Митиќ“ не можеа да дојдат до победа, која ќе им значеше многу пред реваншот во Молдавија. Гостите први поведоа во 33.минута преку Франк Кастенада. Луи Диони израмни за српскиот тим во судиското продолжение на првото полувреме. Српскиот шампион можеби беше далеку подобар тим во второто полувреме не можеше до втор гол, а тоа беше особено тешко, бидејќи Канга заработи исклучување во 58.минута поради втор жолт картон. 

Олимпијакос и Лудогорец одиграа нерешено 1-1. Бугарите водеа се до 87.минута, но грчкиот тим се извлече со голот на Агибу Камара.

Реваншите се за седум дена.