Членовите на Јунајтед одржаа комеморација на стадионот на Партизан (ФОТО)

Членови на управата на англискиот гигант Манчестер јунајтед денеска на стадионот на Партизан одржаа комеморација на која дадоа почит на настраданите фудбалери во падот на авионот во 1958 година.

Јунајтед денеска ќе ги одмери силите против Партизан во мечот од третото коло од Лига Европа, а управата на „црвените ѓаволи“ го икористи престојот во Белград за да се сетат на настраданите фудбалери.

Легендите на клубот Мики Томас и Брајан Робсон присуствуваа на церемонијата, додека извршниот потпретседател Ед Вудворд одржал говор.

Пред 61 година, на петти февруари 1958 година во авионската несреќа починаа 23 луѓе - осум фудбалери на Јунајтед, три члена на клубот, како и еден навивач.