Челси го наполни Краснодар во Русија, Кин му донесе радост на ПСЖ во Истанбул (ВИДЕО)

Двата големи фаворити во оваа сезона во Лигата на шампионите, лондонски Челси и француски Пари Сен Жермен победија денека во второто коло во Лигата на шампионите, па „сините“ со 4-0 го наполнија руски Краснодар, а „светците“ со 2-0 го освоија Истанбул кај турскиот првка Башахшехир.

Лондончани пред очите на својот газда Роман Абрамович, промашија и пенал по 16 минути (Жоргињо промаши), имаа едвај минимално водство со голот на Калум Хадсон Одои во 37-та минута, ама во завршните 15 стигнаа до убедлив триумф со три гола, преку Тимо Вернер, Хаким Зијех и Кристијан Пулишиќ за убедлив триумф.

Ова е прва победа за Челси во ЛШ по ремито без голови со Севилја во минатонеделното дерби на стартот на сезоната.

Бившиот фудбалер на Јувентус и на Евертон, Моисес Кин со два гола му донесе триумф на ПСЖ кај Истанбул Башахшехир, откако парижаните цел еден час се мачеа да го скршат отпорот на Турците, па Кин со два гола за 15 минути, во 64-та и 79-та обезбеди победа, прва во сезонава, откако на стартот загубија во француската престолнина од Манчестер јунајтед. Двапати Кин погоди на асистенции на француската суперѕвезда Килијан Мбапе.