Ц. Звезда го победи Лил, Динамо убедливо поразен од Селта среде Загреб! (ВИДЕО)
Црвена звезда и Лил одиграа изедначен натпревар, тврд, двете екипи имаа по некоја шанса, а клучниот момент се случи во последните минути од натпреварот.
Во 85. минута Марко Арнаутовиќ погоди од пенал за водство на српскиот тим од 1-0, што беше и конечен резултат.
За разлика од Црвена звезда која дојде до првата победа, Динамо Загреб го забележа првиот пораз.
Хрватскиот тим на Максимир беше поразен од Селта со убедливи 0-3. Сите три погодоци беа постигнати уште во првото полувреме. Дуран даде два гола, еден беше автогол на Домингез.
Во останатите мечеви од Лига Европа кои се играа во овој термин, Нотингем форест одигра без голови кај Штурм, Порто гостуваше кај Утрехт, мечот заврши 1-1. Фрајбург со 3-1 славеше на гостувањето кај Ница, со истиот резултат Митјиланд на свој терен го победи Селтик.
Слацбург со 2-0 беше подобар од Г.А. Иглс, Базел со 3-1 ја победи Стеауа, а Панатинаикос со 1-0 славеше кај Малме.