Букмејкерите брутално ја понижија Борусија Дортмунд - ги потценија „до коска“!

Речиси секој спортски вљубеник во светот со нетрпение го очекува вечерашното финале од Лигата на шампионите (ЛШ) на „Вембли“ во Лондон помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, во кое „кралевите“ влегуваат како – огромни фаворити.

Букмејкерите проценија дека германскиот тим нема речиси никакви шанси да дојде до драгоцениот пехар, бидејќи поставија коефициент 1.30 дека шпанскиот тим ќе се радува на крајот, без разлика на начинот на кој ќе дојде до тоа. Коефициентот за истото да го направат „милионерите“ е три пати поголем односно се движи помеѓу 3.50 и 4.

Односот на шансите во случај сѐ да биде решено во регуларниот дел се уште повеќе потценувачки за составо од Дортмунд, со оглед што коефициентот за победа на Реал Мадрид во регуларниот дел е 1.67, за Борусија е 5,35, додека за нерешен резултат е 4,10.