Боби Николов со сефте гол во ЛШ, на пролет продолжува во Лига Европа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов го даде својот сефте гол во Лигата на шампионите, откако вечерва против Шахтер погоди во 93-та минута за да донесе бод за Шериф Тираспол, кој од претходно веќе беше јасно дека ќе го освои третото место во групата во која великаните Реал Мадрид и Интер изборија осминафинале во ЛШ.

Николов летово дојде во Тираспол откако ја заврши кратката авантура во италијански Лече, па откако изминатиов период даде сефте голови во првенството на Молдавија за Шериф, сега погоди и во Лигата на шампионите. Со третата позиција, Шериф и Николов продолжуваат во шеснаестинафиналето во Лига Европа на пролет.

Големиот борец беше резерва, па во игра влезе на стартот на второто полувреме, а беше побрз од судијата за да не дозволи Шахтер да победи.