Бизарна ситуација: Навивачите на Динамо Загреб ќе навиваат за – Црвена Звезда!

Фудбалерите на Црвена Звезда следната средба во Лигата на шампионите ќе ја одиграат на домашен терен против ПСВ (21 јануари), а изненадувачки на овој меч ќе добијат поддршка од - навивачите на Динамо Загреб.

Причина за ова се шансите на Динамо за пласман во нокаут-фазата, со оглед што тимот од Загреб моментално е на 24-то место, последното кое води понатаму, а евентуалната победа на белграѓани против составот од Ротердам би ги зголемила шансите на „модрите“ од Хрватска. Според сценариото кое би го одвело Динамо во наредната фаза, Штутгарт не смее да победи на гостувањето кај Слован и мора да загуби од ПСЖ. Дополнително, Ц. Звезда мора да слави над ПСВ, а потоа холандскиот тим да претрпи пораз и од Ливерпул во последното коло. Ситуацијата е комплицирана, но не и невозможна.

И покрај тоа, задачата на Динамо е исклучително тешка. Во последните две кола ги очекуваат гостување против Арсенал и дуел со Милан на домашен терен. Малкумина веруваат дека Динамо може да направи поголемо изненадување. Динамо може да продолжи и со освојување на само еден бод, но тоа зависи од неколку клучни услови: ПСЖ да загуби дома од Манчестер Сити, Штутгарт да биде поразен од Слован, а потоа да одигра нерешено со ПСЖ во последното коло.