Кошаркарите на Работнички беа подобри од Гостивар со 77-76 во 10. коло од македонската Прва лига, па така го остварија седмиот триумф во шампионатот.

Гостивар го отвори мечот на подобар начин и по првите 10 минути водеше со 18-12, но потоа Работнички до полувреме успеа да направи целосен пресврт (38-35).

Големата борба продолжи и во второто полувреме, а неизвесно беше во самата завршница, кога Работнички успеа да го зачува водството и да слави со 77-76.

Хемптон со 21 поен и 13 скокови беше најефикасен во редовите на Гостивар, додека 21 поен за Работнички постигна Полутак.