Ракометарките денеска ќе добијат силен ривал во баражот за СП 2025!

Македонската женска ракометна репрезентација денеска ќе го дознае противникот за бараж-натпреварите за пласман на Светското првенство (СП) 2025 година и тоа на ждрепката што ќе се одржи на во Виена (13.30 часот).

Жолто-црвените се најдоа во вториот шешир откако завршија на 18-то место на се уште актуелното ЕВРО 2024, што значи дека ќе се соочат со голем предизвик, бидејќи сите потенцијални противници од првиот шешир се реномирани репрезентации. Во ждрепката ќе учествуваат 22 земји, поделени во два шешира:

Барабан 1: Шведска, Црна Гора, Полска, Словенија, Романија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд, Фарски Острови.

Барабан 2: Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Израел, Италија, Косово, Литванија.

Првите бараж натпреварите ќе се одиграат на 9/10 април 2025 година, а реваншите се закажани за 12/13 април. Репрезентациите на Норвешка, Данска и Унгарија веќе имаат обезбедено директен пласман на Светското првенство, заедно со Франција, Германија и Холандија, кои се домаќини на турнирот.